Играчот од средниот ред на Лестер, Хамза Чоудири, платил дури 60.000 евра за белгиски и германски овчар
Продавачи на кучиња, додуша на оние тренирани и малку поголеми, си ги тријат рацете во Англија! Таму завладеала вистинска лудост за кучиња чувари!
Се’ започнало кога играчот на Тотенхем Деле Але бил ограбен во неговиот дом! Додека тој со својата девојка и брат бил излезе, маскирани разбојници влегоа во станот на славниоти грач на „петлите“ и му одзедоа вреден накит и многу пари. Потоа, меѓу неговите колеги фудбалери од Премиер лигата, започнала вистинска трка за купување специјално обучени кучиња.
Кој знае какви се вредни работи во својот дом има играчот од средниот ред на „Лестер“, Хамза Чоудори, кој покрај безбедносните системи, алармите и бравите, дал вистинско богатство за две кучиња чувари – дури 60.000 евра! Овој фудбалер на „Лестер“ плати многу за еден белгиски и еден германски овчар!
Leicester City star Hamza Choudhury splashes out £50k on two security dogs https://t.co/qz05cfRQeo
— Sun Sport (@SunSport) May 25, 2020
Хамза не е единствениот кој се решил за купување на не многу милите кучиња.
Пред неколку дена, капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш, исто така, купил белгиски овчар, познат и како „малино“ вреден 28.000 евра.
Напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, поранешниот англиски интернационалец Рио Фердинанд, голманот на Тотенхем, Уго Лорис, исто така, купиле кучиња чувари Нема информации за тоа колку секој од нив платил за својот нов „најдобар пријател“ или за која раса се решиле, но англиските медиуми нагаѓаат дека станува збор за десетици илјади фунти.

Врвните обучени кучиња не се ефтини и тешко е да се најде оној што чини помалку од 10.000 фунти во Англија! Цените се движат до 50-60.000 евра, иако велат дека има некои, дури и поскапи кучиња. По специјална цена се кучињата кои биле обучени во едно од добро познатите воени или полициски одгледувачници.
Претпоставуваме дека за тие пари кои уплашениот Хамза ги избројал за некои од овие кучиња некјое од нив ќе му донесе влечки и весник.