Панчо од „ДНК“ со директно прашање до власта: „Зашто никој не зборува за ова?“

СТОП за дискриминацијата на евент индустријата, порача Владимир Блажев – Панчо, со отворено писмо до власта и нивното менаџирање на последиците од корона-кризата.
Ви го пренесуваме во целост:
„Во денови кога секојдневно се шпекулира за тоа дали и кога ќе има избори и под кои услови, за тоа дали ќе има полициски час викендов за Рамазан и Кирил и Методиј или не, и кога транспарентноста и ажурноста на одговорните институции полека за жал ја снемува, морам да поставам прашање до сите надлежни а воедно и да ги повикам сите мои колеги кои се затекнати од целата ситуација:
1. Што се случува со евент индустријата?
2. Дали и кога ќе се вратат настаните, концертите, театарските претстави, фестивалите и сите останати забавно културни настани за граѓаните?
3. И што е најбитно, зашто никој не зборува за ова?
Знам дека има многу побитни работи во моментов, но редно е и овие прашања да дојдат на дневен ред. Огромен број на музичари, диџеи, глумци, промотери, продукциски куќи, буквално немаат никаква информација за тоа кога и на кој начин ќе се вратат на работа.
Ајде да превземеме нешто! За споредба, оваа иницијатива која започна на facebook во Хрватска пред неколку недели, вроди со плод и веќе се избори за какви-такви одговори и ги има следните информации кои треба да се усвојат на почетокот на идната недела:
Од 27.05, на затоворен простор може да има 150. луѓе, а на отворен 300.
Важно е да се напомене дека за 1 човек треба да има 3 метри квадратни простор во самиот клуб (venue).
По тој принцип, во следните месеци тоа би прогресило вака:
– 1ви јули – 250 во затворен/500 во отворен
– 1ви август – 500 во затворен/1000 во отворен
– 1ви септември – 1000+
Се разбира, доколку работите одат како што треба, и здравјето на граѓаните е сигурно.
Ајде да се ангажираме и да побараме од одговорните да не сослушаат и размислат и за нашата ситуација! Било каков одговор или разговор би бил од корист, бидејќи оваа status quo ситуација не води никаде! Би ги замолил сите мои колеги, артисти и уметници да го споделат овој статус и да го користат хаштагот #ShowMustGoON
Со Почит
Панчо ✊“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Се свршил синот на Бекам, Викторија не го крие воодушевувањето:„Не можеме да бидеме посреќни!“

БРУКЛИН Бекам, синот на Дејвид и Викторија Бекам, се свршил со својата девојка Никола Пелц …