Една од опциите е јубилејното издание на „Охридско лето“ да се отвори на 4 август

Поради коронавирусот бројни манифестации и фестивали во земјава го одложија одржувањето или се одлучија за онлајн прикажување на содржини.

Фестивалот „Охридско лето“ годинава одбележува значаен јубилеј-60 години постоење и според директорката Наташа Поповиќ се прават напори отворањето на фестивалот да се случи на 4 август-токму на денот која за првпат се одржала манифестацијата.

– Годинава „Охридско лето“ бележи 60 години. Чекаме да се прогласи крај на вонредната состојба и понатаму со препораки од ресорното Министерство за култура и министерот Хусни Исмаили и препораки од Владата сакаме и би требало да се одржи годинешното издание на „Охридско лето“ со тоа што би се поместила датата на свеченото отворање и наместо на 12 јули тоа би било на 4 август, на истиот датум кога и пред 60 години се отворил фестивалот, изјави Поповиќ за „Утрински брифинг“.

🎥📞 Поповиќ: Една од опциите е да започнеме со „Охридско лето“ на 4 август

🎥📞 Поповиќ: Една од опциите е да започнеме со „Охридско лето“ на 4 август

Gepostet von Утрински брифинг / Utrinski brifing am Dienstag, 26. Mai 2020

Таа посочи дека сеуште траат преговорите и не може да ја соопшти програмата додека се не е конечни, носењето маски ќе биде задолжително, а добра страна е што програмата на фестивалот најмногу се одржува на отворено така што од тој аспект ќе бидат задоволени протоколите. Сепак, Поповиќ остави резерва дека постои и опцијата онлајн да се одржи фестивалот доколку дојде до повторно враќање на епидемијата на Ковид-19.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излезе нов број од списанието „МАКЕДОНИКА“

Во најновото издание на списанието „Македоника“, двобројот 23-24, што го издава Друштвото за издавачка дејност …