(ФОТО) 8. најголеми трендови на чевли за оваа сезона: Враќање на стар врв!

Возбудата е на ниво, правиме комбинации во главите, повторно бараме инспирација во уличен стил и размислуваме за тоа кои чевли се први на нашата листа на желби (и дали можеме да рециклираме некои од минатото лето)… Ова се сите важни трендови за лето 2020. година кои ќе ви помогнат да ги решите работите, како во плакарот така и на списокот со желби.

Врзување околу глужд

View this post on Instagram

Cant wait to take these babies out…

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara) on

Подготви се, внимание, сега! Секогаш можеме да сметаме на летните модели кои се врзуваат околу глуждот кои додаваат карактер дури и на наједноставните аутфити, а оваа сезона изборот е повеќе од задоволителен: од рамни еспадрили, преку рамни сандали до оние со вртоглави потпетици.

There’s Something About Mary

Ги обожаваме Мери Џејн (исто како и Кери Бредшо, Блер Валдорф и Твиги). Вајбот на училишни униформи, но во лакирани розови варијации, пистации зелена и високи потпетици? Ставете нè на списокот.

Повисоко ниво

View this post on Instagram

Ready for the weekly grocery shopping

A post shared by Pernille Teisbaek (@pernilleteisbaek) on

Класичните платформи ни се познати на сите нас, но платформите кои всушност немаат потпетици? Целосно освежување! Дизајнерите трендот на „грди чевли“ го креваат на ново ниво со украси од камчиња, сатенски и морнарски мотиви.

Ретро папучи

Еден од најомилените трендови на деведесеттите доаѓа во сите бои и варијации на тема. Минималистичка влечка со стабилна пета е идеален пар на сите летни фустани и кропувани фармерки, затоа немојте да се изненадите ако ги накупувате во (барем) неколку бои.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …