ПАНДЕМИЈА НА КОРОНА ВО СВЕТ: Бразил има најмногу мртви во еден ден, Австрија е најдобра според морталитетот на милион жители

* Повеќе од 5,5 милиони луѓе се заразиле со вирусот коронавирус ширум светот
* Починаа скоро 348.000 луѓе
* На прво место во однос на бројот на заразени се САД со повеќе од 1,7 милиони пациенти, а потоа следува Бразил со повеќе од 376,000
* Бројот на починати во САД е скоро 100.000, во Велика Британија надмина 36.000, а во Италија 32.000


Стапката на смртност најмала во Австрија


Стапката на морталитет на ковид пациенти во Австрија е најдобра во светот, вели експертот за јавно здравје Армин Фидлер.
Тој вели дека Австрија, со 71 починати по милион жители, е 30% подобра од соседна Германија.
На прес-конференцијата во Брегенц, Фидер рече дека примерот на Италија, Шпанија и Велика Британија покажа што може да се случи доколку не се преземат мерки за борба против вирусот на време.


Австралија:„Нема да ги отвориме границите“
Австралија нема да ги отвори своите граници наскоро, објави премиерот Скот Морисон.
Сепак, тој рече дека Австралија ќе ги продолжи разговорите со соседниот Нов Зеланд за транс-зона за безбедни патувања.


Кина: 7. нови случаи
Во изминатите 24 часа, во Кина се потврдени седум нови случаи на коронавирус, што е помалку од претходниот ден, кога имало 11.
Сите биле увезени, затоа што тоа се луѓе кои пристигнале од странство

Гватемала: Повеќе од 200. заразени во фабрика
Повеќе од 200 работници во фабриката за текстил ориентирана кон извоз во Гватемала се позитивни на коронавирус, а се очекуваат повеќе резултати во она што би можело да биде едно од најголемите жаришта во таа земја.

Бразил: Ги надминал САД по црниот рекорд во еден ден
Во Бразил, за прв пат, се регистрирани повеќе смртни случаи од коронавирус за еден ден отколку во САД.Според бразилското Министерство за здравство, во изминатите 24 часа се регистрирани 807 смртни случаи во таа земја, додека 620. лица починале од КОВИД-19 во Соединетите држави.

РЕГИОН
Словенија – 1.469
Хрватска – 2.244
БИХ – 2.406
Србија – 11.193
Македонија – 1.999
Црна Гора – 324
Албанија – 1.004
Грција – 2.882
Бугарија- 2.443

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи во вашиот организам ако јадете ДВЕ ЛАЖИЧКИ МЕД секој ден? Канадските научници дојдоа до многу интересни податоци

Еве како редовното консумирање мед може да влијае на организмот Канадските научници истражувале и утврдиле …