Мирисот на цигари се вовлекува во теписи, мебел, ѕидови: Еве како да го исфрлите од дома!

Без оглед колку и да проветрувате, не е доволно
Мирисот на цигари, откако ќе се навлече во завеси, облека, sидови, теписи и мебел, е многу тешко да се отстрани од куќата. Еве неколку природни начини да се ослободите од него.
За почеток, без оглед на кој дел од куќата ќе го исчистите, откако ќе завршите, сторете го следново:

Отворете ги прозорците широко
Набавете прочистувач на воздухот и држете го запален неколку дена.
Наполнете распрснувач со есенцијално масло (лимон или лаванда) и испрскајте ги мебелот, внатрешноста на орманите и теписите.
Значи, одредени делови од вашиот дом се сметаат за најголеми собирачи на непријатниот мирис на цигари. Научете како да го исчистите секој на најефикасен начин.

loading...

Тепих
Посипете голема количина сода бикарбона на теписите и патеките. Оставете да отстои околу дваесет минути, а потоа поминете со правосмукалка. Содата ќе ги отстрани непријатните мириси од најдлабоките делови на тепихот.


Ако цигарите се консумираат во вашиот дом со години, веројатно ќе треба да го повторите ова неколку пати.


Ѕидови
Покрај долготрајниот мирис, чадот ќе остави и жолтеникава нијанса на sидовите. За да се ослободите од двете, навлажнете ја крпата со универзална средство за чистење и избришете ги сите sидови. Се разбира, пред тоа, направете тест на мал дел од ѕидот за да бидете сигурни дека чистењето нема да ја оштети бојата на ѕидовите.
Потоа, измешајте еднакви делови на алкохолен оцет и вода, нанесете на крпата и уште еднаш поминете низ сите sидови. Ако сè уште чувствувате мирис на цигари, размислете за повторно кречење.

Тапациран мебел
Ќе забележите дека мирисот на цигари е најтежок и најбавен за отстранување од тапациран мебел. Можете да го избришете со алкохол оцет разреден во вода или да го посипете со сода бикарбона, почекајте 24 часа и темелно поминете со правосмукалка.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што е СЕКСОДУС? Овој „ТРЕНД“ го зафати светот и се помалку луѓе водат љубов…

Пандемијата на корона вирусот во голема мера влијаеше на нашите животи, особено на здравствениот сегмент, …