Славниот шампион во боксот, Флојд Мејветер е „фатен“ во кршење на правилата за карантин во ноќен клуб во Скотсдејл.
Американските медиуми објавиле видео од Мејведер во провод, кое одел од забава на забава, иако во Аризона било забрането одржување на истите и да се отворање на локали во претходниот период.
Сепак, тие правила се чини дека не важат за Мејведер и луѓето околу него, а Аризона имала 431. нови случаи на коронавирус само во сабота, додека бројот на смртни случаи во оваа држава е 799.
Floyd Mayweather in Scottsdale Arizona last night 🤦🏾♂️…. I guess Covid-19 over for Az pic.twitter.com/5kxa7lAptm
— Myke Terrel (@MykeTerrel) May 24, 2020
Забележано е дека Мејведер имал своја ВИП зона, но се мешал со сите присутни, никој не носел маски или ракавици, немало растојание.
Патем, Мејведер живее во Лас Вегас, што е четиричасовно возење од Скотсдејл – штом слушнал дека има можност да се забавува, не се двоумел, па затоа сега е на удар на јавноста.