(ФОТО) ТРЕБАЛО ДА ЈА ГЛУМИ ПРОРОЧИЦАТА ПА ГИ ИСКРШИЛА РАЦЕТЕ: На снимањето на серијата за БАБА ВАНГА се случиле морничави работи и се запрело…

Бугарската пророчица Вангелија Димитрова, попозната како Баба Ванга, со својата животна приказна и пророштва претставува неисцрпен извор на бројни интересни факти и новости во модерното време. Посебен интерес за необична пророчица се зголемил по руската серија „Ванга“ која се снимаше во 2013. година.
За време на работата на серијата, се случија чудни настани, а креаторите на серијата, како и актерите во интервјуа, сведочеале за нив.

„Ванга“ е ТВ-формат, кој поради самата тема, од самиот почеток е обвиткан во превез на мистерија и „чудесија“.
Актерката Ина Чурикова, на која првично и била понудена улогата на познатата слепа пророчица, ги скршила двете раце, а поради несреќата не можела да учествува во проектот, но ова не е единствениот чуден настан. Режисерот Сергеј Берчуков бил скоро удрен од воз додека работел на серијата.

View this post on Instagram

🇬🇷 ❤️

A post shared by Inna Churikova (@inna_churikova_official) on

Процесот на снимање постојано, необјасниво, доцнел, и сè било прекинато со пристигнувањето на актерката Елена Јаковљева во тимот.
Популарната руска актерка која ја играла Баба Ванга во старите години, и затоа помина низ драстична физичка трансформација, во неколку наврати во интервјуата признала дека смета дека покојната пророчица „ја прифатила за оваа улога“ и одобрила да ја толкува затоа што ја препознала нејзината ментална привлечност.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МОЌНО И ПРИРОДНО – Ова се убедливо најјаките природни антибиотици: Научно потврдено го јакнат имунолошкиот систем и штитат од сите видови инфекција!

Премногу често посегнуваме по фармацевтски антибиотици, кои можат да бидат многу опасни и имаат потполно …