(ВИДЕО) Полнети солени писма: Брзо тесто за секој ден

За појадок, ужина или вечера…
Потребно е: 20. г свеж квасец, 200 мл млеко, 2 јајца, 1 лажичка шеќер, малку сол, 450 – 500 г брашно
Фил: 200 г сирење, 1 јајце
Подготовка: растопете го квасецот во малку вода, додајте лажичка шеќер па кога ќе стаса додајте млеко, брашно, сол и замесете меко тесто. Оставете покриено да стасува па расукајте во правоаголна кора со дебелина од 1 см и сечете на квадрати. Сирењето издробете го, додајте јајце и измешајте. Во секој квадрат на средина ставајте од филот. Поврзете ги аглите на средина да се добие облик на писмо. Наредете во намрсена тава и покријте со крпа па кога ќе стасаат намачкајте со жолчка и наросете со сусам.
Печете на 190 степени, околу 30 – 35 минути. Покријте со крпа малку да отстојат па послужете со јогурт или кисело млеко.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …