(ФОТО) Човекот не е ДОНОР, има ИМЕ и ПРЕЗИМЕ: Поклон до земја!

Поради големото срце на семејството на една починбата личност три лица во Македонија добија шанса за нов живот…Беа донирани срцето и двата бубрега со што починатото лице спаси три животи…
„По успешната трансплантација на неговото донирано срце, во моментов на Клиниката за урологија се врши трансплантација и на неговите донирани бубрези.
Тој човек не е “донор”, туку личност со големо ИМЕ и ПРЕЗИМЕ, кој направи похуман чин од сите политичари и декларирани добротвори во последните 30 години ЗАЕДНО.
Ваквите луѓе се вистински светци и поради нив се уште живее вербата во хуманизмот и човештвото.
Наклон!“, напиша Филип Ѓоршевски и прилоѓи фотографија на Фејсбук.

По срцето, се извршија и трансплатациите и на бубрезите од починатиот донор за двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа, соопшти Министерството за здравство.
Во моментов на Клиниката за урологија на трансплантациите на бубрезите работат лекарски тимови под раководтсво на д-р Сашо Дохчев, д-р Александар Трифуновски, д-р Ставридис и д-р Јанчулев со тим лекари од клиниката.
Во оваа постапка беа вклучени и лекарите од Институтот за трансфузиологија кои ја направија комплетната обработка за совпаѓање на донорот и на реципиентите на органи, лекарите од Институтот за радилогија кои ги направија потребните снимања, како и лекарите од Клиниката за нефрологија кои ги водеа и подготвија за трансплантација пациентите на дијализа.
Пациентите кои ги добија органите беа избрани од Националните листи за чекање за срце и бубрези според медицински утврдени критериуми за совпаѓање кои ги изготви и со кои раководи Министерството за здравство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПРИМЕР ЗА ВОСХИТУВАЊЕ – Се преполовил а имал 226 килограми:„Јас сум доказ дека е се’ возможно!“

Момчето кое поради лекови и љубовта кон брзата храна дотуркал до 226. килограми одлучил да …