(ФОТО) БЕЗГРАНИЧНА ПОЧИТ: Ова е Македонката која загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи спасија ТРИ животи!

„За жал еден живот згасна…, но други ќе бидат спасени. Изгубивме сограѓанка, пријателка, пред се сопруга, мајка, баба… 💔💔💔💔 Прерано не напушти… Emilija Dineva твоето срце душо продолжи да чука…“
Во Македонија беше направена историска трансплантација на срце, истата беше успешна, а покрај хероите доктори и медицински сестри, најголема ХЕРОИНА е Емилија Динева.

Динева е жената чии органи, едно срце и два бубрези ќе го продолжат животот на тројца други луѓе. Емилија Динева го загуби својот живот во трагична несреќа.

Емилија Динева пред еден месец, после сообраќајна несреќа, била хоспитализирана на Карил, а семејството по разговорот со медицинските стручњаци се согласило да ги донира здравите органи. Емилија Динева била мајка на две деца и сопруга, инаку од Дојран.
Од семејството на Динева за македонските портали , порачале дека и други треба да го следат нивниот пример. Во најтешки мигови тие се одлучиле дека најдобро е да се донираат здравите органи со цел да се спасат други човечки животи.
Оваа вест може да се забележи на социјалните мрежи.
„За жал еден живот згасна…, но други ќе бидат спасени. Изгубивме сограѓанка, пријателка, пред се сопруга, мајка, баба… 💔💔💔💔 Прерано не напушти… Emilija Dineva твоето срце душо продолжи да чука…“, напиша Здравка Шурдоња.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПРИМЕР ЗА ВОСХИТУВАЊЕ – Се преполовил а имал 226 килограми:„Јас сум доказ дека е се’ возможно!“

Момчето кое поради лекови и љубовта кон брзата храна дотуркал до 226. килограми одлучил да …