(ФОТО+Рецепти) 10. непечени десерти за карантин!

Сакале или не кога целото семејство е на куп најчесто се бара нешто „да се грицне“ помеѓу оброците…Ви донесуваме 10. рецепти за слатки кои не се печат а кои ќе им се допаднат на домашните…Погрижете се да има доволно за деновите пред нас – во карантин!

Ролати со локум
Локум ролат со кокос и желе
Состојки:
1/2 кг локум
200 гр кокос
за фил
100 гр желе бомбони
100 гр орев или лешник, бадем
100 гр суво грозје
Ролат со локум и сусам
Состојки:
1/2 кг локум
300 гр сусам
Подготовка: За првиот ролат, локумот, кој се препорачува да е пресен убаво се измесува со кокосот. На најлонска фолија се расплескува во кора, која се филува со исечкано желе, потпечени и издробени ореви или што и да изберете и натопено суво грозје во малку вода и рум (кое на сликата е изостанато). Се витка во ролат и се остава во фрижидер добро да се стегни.
За вториот ролат, сусамот го потпекуваме и потоа го измесуваме со локумот.
Обликуваме форма на ролат и оставаме да се стегни во фрижидер.

Бело тоблероне
Состојки:
250 г маргарин
12 лажици шеќер
50 мл млеко
200 гр млеко во прав
6 полни лажици мелени бисквити
100 гр ореви или лешници
Подготовка: во сад на оган се става маргаринот, шеќерот и 50 мл млеко да проврие. Откако ќе се растопи маргаринот се трга од оган и се додава млекото во прав. Убаво се мати со миксер и се додаваат мелените бисквити и кршени ореви или лешници.Така добиената смеса се става во калап или се моделира со рака како триаголник и се остава во фрижидер да стегне.

 

Бели бомбици
Состојки:
1 маргарин
250 гр шеќер во прав
250 гр бело чоколадо рендано
250 гр кокосово брашно
1 кесичка ванилин шеќер
Подготовка: изрендајте го чоколадото на крупната страна на рендето.Додадете го во садот со маргаринот.Додајте ги и шеќерот во прав, ванилата и кокосот.Месите додека не се соединат состојките.
Обликувајте во форма на топчиња и валкајте во кокос.Ставете во ладилник да се стврднат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тест од 5. секунди открива дали месото е свежо или расипано

Бојата, количината на вода и ишараноста со бели ленти откриваат колку месо стоело на полиците …