Славниот НБА кошаркар и двоен олимписки победник хоспитализиран поради корона вирус

ПАТРИК ЕВИНГ, легендарниот 57-годишен кошаркар на Њујорк Никс, во петокот објави на Твитер дека е позитивен за коронавирусот и дека е хоспитализиран.
„Овој вирус е опасен и не треба да се сфаќа лесно“, рекол Евинг, кој работи како тренер во тимот на Универзитетот во Џорџтаун. „Сакам да ги охрабрам сите да бидат внимателни“.
„Сакам да се заблагодарам на медицинскиот персонал и на сите што се во првите редови на борбата против коронавирусот. Вирусот ќе помине и сите ќе се извлечеме“, додал Евинг.
Спортскиот оддел на Универзитетот Џорџтаун објавил дека Патрик Евинг е „згрижен и изолиран во локална болница“.
Евинг одигра 17. сезони во НБА, најмногу во дресот на Никс и кратко во Сиетл Суперсоникс и Орландо Меџик. Тој беше 11. пати избран во ол-стар тимот и исто така освои два олимписки златни медали, во 1984. и 1992. година со Тимот од соништата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Последна снимка на трагично загинатиот Емилиано Сала

Потпишани документи поврзани со Кардиф Фудбалерот Емилијано Сала почина на почетокот на 2019. година, три …