Починал хитмејкерот од осумдесеттите години: „Поради коронавирусот, не можел да се лекува“

Гвинејскиот пејач и музичар Мори Канте, кој во осумдесеттите години ја освои светската слава со хитот „Јеке јеке“, почина вчера на 71-годишна возраст во болница во Конакри, објави неговиот син Бала Канте.

Канте придонесе за зголемување на популарноста на африканската и гвинејската музика во светот. Неговиот хит „Јеке јеке“ беше објавен во 1987. година и за кратко време продаде неколку милиони копии и го достигна врвот на музичките топ листи во многу земји.
„Канте страдаше од неколку хронични заболувања и често патуваше во Франција на лекување, но тоа сега беше невозможно заради коронавирусот“, рекол неговиот син, додавајќи дека неговото здравје се влошило нагло во последните денови.

Музичарот беше именуван за амбасадор на добра волја на ООН за храна и земјоделство (ФАО) во 2001 година и беше еден од неколкуте африкански музичари кои ја снимија песната „Африка стоп ебола“ во 2014 година за подигање на свеста за епидемијата на хеморагична треска.
Приходот од песната беше дониран на меѓународната организација Лекари без граници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најзастрашувачкото лице на вестерн филмовите ја загубило битката со ракот

Актерот, кој често играше страшен човек, како во филмовите наградени со Оскар „In the heat …