ПОДАРИ ЉУБОВ, ПОДАРИ ОРГАН:„Македонија испишува историја. За првпат е извршена успешна трансплантација на срце, долго најавувана и конечно реализирана!“

До нашата редакција пристигна писмо од Ирена Ралева Најдевска- член на „Храбро срце“ која со останатите од ова здружение максимално се ангажира за сите нивни членови кои особено се залагаат за подигнување на свеста за органодарителството и потребите за органи…
Нејзиното писмо го донесуваме во целот:
„Додека си здрав, не размислуваш за болести и не сфаќаш дека животот е толку непредвидлив. Денес си тука, утре те нема. Брзиот начин на живот што го живееме неосетно, бавно, ама сигурно си го зема својот данок.


И никогаш не вели „мене нема да ми се случи тоа“ – зашто животот неретко знае да ти покаже дека и тоа како грешиш.
Затоа, живеј го животот, а потоа подари го онаму каде што е потребно. Онаму каде што некој друг чека рака за помош, за подобро утро, за втора шанса за живот.
Не можеш да промениш ништо, ниту да ја надоместиш загубата за ближниот свој, но ја имаш моќта некому да продолжиш живот.
Подари љубов, подари орган.
„Македонија испишува историја. За првпат е извршена успешна трансплантација на срце, долго најавувана и конечно реализирана
Ја користам приликата во свое име и во име на Здруженеието да изразиме благодарност до Министерството за здравство и на сите кардиохирурзи од државата, до сите кардиолози, анаестезиолози, медицински сестри кои покажаа и докажаа како се брани Хипократовата заклетва, како се гине за пациентите и дека се е возможно кога се има добар тим. Се поклонувам за истрајноста и сплотеноста на сите доктори од сите три центри за кардиохирургија (Државна кардиохирургија, Жан Митрев Клиник и Аџибадем Систина) кои не се делеа на државно и приватно здравство, туку сите храбро се исправија пред предизвикот наречен трансплантација. Благодарност до координаторот за трансплантација д-р Маја Мојсова која е заслужна за донирањето органи и тука нашата приказна нема да запре, напротив, ќе бидеме уште погласни на полето органодарителство. Оваа пракса да продолжи и во иднина зашто болните срца на нашите 20 засега пациенти секој ден чукаат побрзо за трансплантација.


Исто така изразувам сочуство до семејството на починатата кои донесоа храбра и хумана одлука да спасат нечиј живот. Неколку недели наназад членовите на Здружението алудиравме на тоа дека еден кадаверичен донор може да спаси 8. животи. Во овој случај, таа хумана одлука на семејството спаси 3 живот (срце и бубрези). И ова да стане пракса во нашата држава, ние продолжуваме со појак инетензите за подигнување на свеста за органодарителство.
Исто така, апелираме до семејствата кои ќе се најдат во ваква ситуација да одлучат да донираат зашто нашиот Кристијан е во итна состојба, ни треба срце за да продолжи да живее…“
Ирена Ралева Најдевска

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ отвори ново одделение за грижа на корисниците

Од 1 јуни 2020 година, во ЈП Комунална хигиена-Скопје официјално ќе започне да функционира новo Одделение за …