(ВИДЕО) ГИ ЗАСМЕЈУВА ЛУЃЕТО ШИРУМ СВЕТОТ: Бебе од една година има свое кулинарско шоу: Готви и јаде и е вистинска ѕвезда на Инстаграм!

Видеата го прикажуваат како се пробува храна и дава оценки…
Ешли Виан отворила профил за своето едногодишно бебе Коби, каде што покажува како малото момче и помага да подготвува оброци.
На профилот наречен „Kobe eats” (Коби јаде), следбениците можат да видат како Коби сака да готви, јаде и да истражува нови рецепти.
Ешли за Си-Ен-Ен изјавила дека започнала да го споделува видеото со цел да им ги покаже вештините на нејзиниот син на пријателите и роднините.
“Готвењето е само една од многуте практични работи што Коби ги прави дома. Тој толку многу се забавува кога го прави тоа што решив да го пснимам. Ние го започнавме неговиот профил на Инстаграм кон крајот на февруари. Тој имаше 200. следбеници до април, а потоа бројот почна да расте 100K, 200K, 500K … дефинитивно не го очекувавме тоа“, рекла таа, додавајќи дека и е драго што слуша дека нејзиниот син засмејува многу луѓе ширум светот.

“Чувствувам дека правиме нешто добро како родители. Среќни сме што тој има можност да ги натера луѓето да се смеат. Ние исто така сме задоволни што ги охрабривме родителите да ги одведат своите деца во кујната и да поминат време заедно”, рече таа.
Таа исто така рекла дека Коби ја сака кујната и дека тоа е негово совршено место за учење и истражување.

“Тој истражува нови состојки, чувствува нови текстури, учи практични вештини како што се истурање, кинење и мерење. Затоа започна сето ова, уште една практична работа од која може да се научи толку многу. Тој усоврши многу моторни вештини. А нередот? Па, тоа е само неред и може да се исчисти, а спомените што ги правиме ќе траат засекогаш“.

Инаку, Коби ја сака камерата и тестирањето на состојките, а обожува храна со сирење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тест од 5. секунди открива дали месото е свежо или расипано

Бојата, количината на вода и ишараноста со бели ленти откриваат колку месо стоело на полиците …