(ВИДЕО+ФОТО) СПЕКТАКУЛАРЕН ПРОНАЈДОК – СРЕДЕ РИМ СЕ ОТВОРИЛА ДУПКА: Кога истражителите погледнале внатре откриле нешто што стоело тука уште од античко време

Кога среде улица се отворила дупка во близина на римскиот Пантеон, откриен е уште еден скриен дел од италијанската престолнина.


Дупката, длабока околу 2,5 метри и долга 3 метри, одеднаш се појавила минатиот месец на многу популарно место за туристите, а во меѓувреме, откриено е дека под него се крие антички калдрма. Пронајдени се околу 40. камени коцки.

За среќа, беше избегната поголема штета затоа што немаше туристи поради пандемијата на коронавирус.
Сепак, благодарение на дупката, граѓаните сега можат да видат како изгледал нивниот град пред новата ера

Истражувачите велат дека тие знаеле за античките камења со години, но дека не се осмелиле да започнат со ископувања за да не ги оштетат. Тие за прв пат биле откриени во 1990-тите.
Тие се изработени од травертин, природен украсен камен што се користел во антички Рим, уште од моментот кога бил изграден познатиот Колосеум.

Поради таложење на песок и мноштвото ископувања што се наоѓаат низ целиот град, земјата е често отворена, така што само минатата година во главниот град на Италија се забележани 100. дупки, додека во Неапол имало околу 20.

Екран.мк/Mirror
Фото: Јутјубе – Принтскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тест од 5. секунди открива дали месото е свежо или расипано

Бојата, количината на вода и ишараноста со бели ленти откриваат колку месо стоело на полиците …