Дино Мерлин станал дедо: Добил внук!

Популарниот музичар станал дедо,открива Dnevni avaz.
Првото внуче популарниот пејач го добил пред неколку дена кога се породила сопругата на неговиот син Хамзо, Џинета Табаковиќ – Дербишхалиловиќ.
Наводно, момчето го добило името според прадедото Незир, татко на првата сопруга на Дино, мајка на Хамзо.


„Мајката и бебето се веќе дома и добро се чувствуваат. Честитките на семејството му пристигнуваат од сите страни“, рекол изворот за Аваз.
Хамзо Девишхалиловиќ, синот на Дино мерлин, со Џинета се оженил минатата година. Во врска биле 7. години, односно, уште од гимназиските денови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Пред 15. години Кејт Мидлтон ја снимиле во издание поради кое со задоволство би ги запалила фотографиите!

Кејт Мидлтон денес е олицетворение на добар стил и важи за една од најдобро облечените …