(ВИДЕО+ФОТО) Еве кои се и како живеат потомците на Хитлер, Сталин, Мусолини…

Дали некогаш сте се запрашале кои и што прават потомците на некои од најголемите и најконтроверзните историски личности како што се Наполеон Бонапарта, Јосиф Сталин или Адолф Хитлер денес?
Веројатно не сте го сториле тоа, но некои луѓе на Интернет го сториле тоа, и ова се некои од приказните за кои наидовме.

Внуците на Хитлер се горди Американци

Потомци на Адолф Хитлер од страната на семејството на неговиот татко во моментов живеат во Лонг Ајленд, Њујорк, и ако наидете на нив, веројатно брзо ќе сфатите дека тие се вистински патриоти. Имено, нивниот татко Вилијам Патрик Хитлер бил син на полубратот на диктаторот Алоис кој го имал истиот татко како Адолф.
Вилијам се преселил во Соединетите Држави во 1939. година, кратко време по расправијата со неговиот вујко, а на 4. јули 1939. година, тој напишал статија за списанието „Look“, под наслов „Зошто го мразам мојот чичко“. Како што може да очекувате,на Адолф не му се допаднало тоа, нарекувајќи го Вилијам „негов одвратен внук“.
За време на Втората светска војна, Вилијам се приклучил на американската морнарица, го доби „Виолетовото срце“ (медал кој Американците им го доделуваат на ранетите), а по војната го смени своето име и добил четири сина, од кои тројца сè уште живеат на Лонг Ајленд и ретко разговараат со новинарите. Одвреме на време се појавуваат анегдоти на нивните соседи, но животот на потомците на Хитлер не може да се нарече интересен. Едниот од нив станал социјален работник, додека другите двајца заедно имаат компанија за надворешни украси. Тие не се женеле и немаат деца.

Внуката на Бенито Мусолини е политичка активистка и модел на Плејбој

Во април минатата година во „Вашингтон пост“ се појавил напис во кој се вели: „Алесандра Мусолини, внука на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини, е во расправија со Џим Кери, актер познат по филмовите Ејс Вентура и Глупав и поглупав. И не, ова не е првоаприлска шега и да, обвинете го онтернет“.
За разлика од потомците на Адолф Хитлер, Алесандро Мусолини нема проблем да привлече внимание, ниту се срами да ги брани своите предци. Затоа гп нападнала Кери, кој се осмелил да го навреди дедо и на Твитер.
Патем, Мусолини се вклучи во политиката во 1992. година како член на италијанска неофашистичка партија, а покрај тоа што привлече внимание со ултрадесничарски погледи, многумина ја забележаа и нејзината фотографија за Плејбој, улоги во неколку италијански филмови и поп-албум кој го издаде Јапонија.

Прапрапра…правнукот на Кристофер Колумбо е адмирал


Љубовта кон морето очигледно е сè уште силна во семејството на Кристофер Колумбо, затоа што дури и по 500 години, љубовта кон бродовите не ја заобиколил неговиот наследник Кристобал Колин де Карвајал и Горосубел.
Кристобал се придружил на шпанската морнарица, пловел низ светот и во неговите помлади денови командувал со својот брод. Згора на сето тоа, тој ги задржал церемонијалните титули кои со генерации му припаѓаат на семејството. Технички тој сè уште е адмирал, воен администратор и градоначалник, 18-ти војвода од Верагуе (име за пет шпански колонијални субјекти во Централна Америка) и 16-ти Маркис на Јамајка, но тој за Би-Би-Си изјавил дека сите овие титули денес се повеќе израз на почит.
Сепак, неговата посета на Соединетите држави во 1992. година го предизвикала гневот на американските Индијанци на кои не им се допаднал фактот дека тој бил гостин на честа на парадата во Пасадена. Денес, тој се појавува само тука и таму да ја брани честа на неговиот контроверзен предок.

Внуката на Сталин е панкерка и будистка

Единствената ќерка на Сталин, Светлана Алилуева, во 1967. година го посрамоти Советскиот сојуз, откако решила да избега во Соединетите држави. Нејзината ќерка Олга Петерс, позната и како Крис Еванс, сега се декларира како Американка.
Според најновите информации, таа живее во Орегон, практикува будизам и работи како дилер на антиквитети. Покрај тоа, таа е истетовирана, сака панк-рок и на неколку фотографии се појавила со автоматска пушка „Калашников“ (станува збор за играчка). Њујорк пост за неа напишал: „Внуката на Сталин е вистинска злобна Американка“.

Потомокот на Наполеон се оженил со прапраправнуката на втората сопруга на Наполеон


Наполеон Бонапарта на својата прва сопруга и пишувал многу емотивни љубовни писма („Се надевам наскоро ќе те гушнам и да те тешам со милиони топли бакнежи како под екваторот“), а се чини дека оваа наклоност кон сахаринската проза трае и меѓу наследниците.
Имено, во 2019. година, Жан-Кристоф Луис Фердинанд Алберик Наполеон (инвестициски банкар и пра-правнук на Наполеон) се оженил за австриската грофица Олимпија фонд ун зу Арко-Зинеберг, која е прапраправнука на втората сопруга на Наполеон, надвојвотката Мари-Луис од Австрија. Тој ја опишал својата љубов како што следува: „Кога ја запознав Олимпија, се нурнав во нејзините очи, а не нејзиното семејно стебло“.
Океј, тој можеби не е господар на зборовите како Наполеон, но ова „нуркање во очите“ е знак дека поетската крв на неговите предци сè уште тече низ неговите вени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Хрватските полицајци се пофалиле дека уапсиле крадец: Објавиле фотографија на Хорацио Кејн

Хрватското Министерство за внатрешни работи се пофалило дека го фатиле крадецот на 110 тони шеќер …