(Рецепт) 3. традиционални торти кои одолеваат на времето: Ова се најдобрите домашни торти!

За најрадосните прослави подгответе убава домашна торта која ќе ги воодушеви домашните…но и гостите…

Васина торта


Состојки:
Кора: 5 јајца, 4 лажици шеќер, 1 лажица лебни трошки, 100 г мелени ореви.
Фил: 5 жолчки, 100 мл млеко, 200 г мелени ореви, 9 лажици шеќер, 3 штангли чоколадо, порттокал, 5 јајца, 150 г истопен путер.
Шам: 5 белки, 11. лажици шеќер
Подготовка: кора: изматете цврст снег од белките. Петте жолчки изматете ги со шеќерот, додајте лебни трошки и мелени ореви. Изеданчете ја смесата и на крај полека, една по една лажица лесно вмешајте го снегот од белки. Истурете во соодветно тавче или калап покриен со хартија за печење и испечете во рерна загреана на 180. степени. Испечената торта извадете ја до калапот и оставете да се излади.
Фил: ставете млекото да зоврие па ставете ги мелените ореви, 4. лажици шеќер и чоколадото. Исцедете сок од портокал и убаво измешајте, додајте ги жолчките и кремот варете го на пареа. Сварениот крем оставете да се излади и пенесто поврзете го претходно изматениот маргарин со шеќерот.
Шеќерот полијте го со вода, колку да се покрие и варете да добиете шербет. Изматете ги белките и полека додавајте од шербетот да добиете густ шам. Матете додека шамот не се излади.
На чинија за служење ставете ја кората, нанесете го кремот, израмнете и обилчно нанесете го шамот. Украсете по желба.

Реформ торта


Состојки:
Кора: 10. белки, 300 г шеќер, 300 г мелени ореви (бадеми, лешници) , 1 кесичка ванилин шеќер, 2 лажици брашно.
Крем: 10 жолчки, 180 г шеќер, 50 г чоколадо, 1 кесичка ванилин шеќер, 250 г изматен путер.
Плус: сечкани ореви
Подготовка: кора: изматете ги пенесто белките со двата вида шеќер. Во изматената смеса додајте ги мелените ореви и брашното, се’ лесно поврзете и истурете во плех покриен со хартија за печење. Префрлете во рерна загреана на 180 степени и испечете.
Испечената кора оставете да се излади, отстранете ја хартијата и исчете на три еднакви ленти.
За филот изматете ги жолчките со шеќерот, па сварете на пареа. Пред крај додајте ги искршеното чоколадо и ванила. Матете додека смесата не стане хомогена па тргнете од водената купка. Додека кремот се лади пенесто изматете го путерот и се убаво поврзете. Филувајте ги корите и украсете по желба, може со сечкани ореви, на пример.

Старинска торта со ореви


Состојки:
Кора: 6 јајца, 200 г шеќер,150 г ореви, 100 г брашно, 2 лажици лебни трошки.
Фил: 2 јајца, 200 г ореви, 200 мл млеко, 30 г брашно, 20 мл рум, 250 г путер, 200 г шеќер во прав
Плус: 100 г сечкани ореви.
Подготовка: кора: јајцата изматете ги пенесто со шеќерот и додајте ги мелените ореви и брашното. Изедначената смеса префрлете ја во тава покриена со хартија за печење. Префрлете во рерна загреана на 190 степени и печете околу 45. минути, но проверете со чепкалка. Кората може и порано да биде испечена што многу зависи од рерната.
Фил: во соодветен сад ставете 2/3 од млекото. Одвојте ги белките од жолчките. Во жолчките додајте брашно, и останатото млеко. Убаво соединете и истурете во врелото млеко и сварете густ крем. Тргнете од ринглата. Путерот изматете го пенесто со шеќерот во прав, додајте го ладниот крем и убаво изматете па додајте ги сечканите ореви.
Испечената кора исечете ја на половина и филувајте. Со фил намачкајте ја тортата од сите страни и украсете со сечкани ореви, или по ваша желба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ПОБЕДИЛА – Баба (103) ја победила корона па наздравила со ладно пиво!

Џени Стејна од Масачусетс ја прослави својата победа над вирусот корона, наздравувајќи со ладно пиво …