СЕМЕЈСТВО од Вирџинија, кое веќе не можело да ја издржи изолацијата поради коронавирусот, излезгло на возење во саботата и наишло на две торби полни со пари во вредност од скоро еден милион долари, јавува Fox News.
Дејвид и Емили Шанц од Каролина Каунти, Вирџинија се возеле заедно со своите деца кога на средина на улицата пронашле две торби. Тие со својот камионете минале покрај нив и мислеле дека тоа е ѓубре. Сепак, застанале и ги ставиле во автомобилот, па продолжија да возат.
Дури кога се вратиле дома ја прегледале содржината на торбите,и сфатиле дека се полни со пари. „Имаше пластични кеси полни со пари во торбите, кои беа адресирани на нешто како ‘трезор за готовина’“, рекол Шанцс за WTVR.
По откритието, тие контактирале со канцеларијата на шерифот, кој ја испратил полицијата на нивната адреса за да истражат за што станува збор. Скот Мосер од локалната полиција вели дека тие утврдиле каде требало да завршат парите, но тие сè уште не знаат како завршиле на патот.
Мосер не коментирал каде одат парите, но рекол дека примателите треба да му дадат на семејството финансиска награда за нивните напори. „Нивните активности не заслужуваат ништо помалку“, рече тој. „Тие заштедија некому многу пари и дадоа прекрасен пример за сите други“.