Друштвото на филмските работници на Македонија одбележува 70. години од своето постоење

Друштвотото на филмските работници на Македонија е основано на 21 мај 1950. Друштвото е формирано како општествена организација што ги опфаќа филмските работници од сите профили. За прв Претседател на ДФРМ беше избран Јован Бошковски, а Милтон Манаки, првиот снимател на Балканот беше избран за прв Почесен член на Друштвото. Во него членувале и членуваат водечките авторски имиња кои стојат зад македонските филмски остварувања.
Друштвото е иницијатор, основач и организатор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери.ДФРМ членува во Европската федерација на режисери, Меѓународната асоцијација на кинематографери и воЕвропскиот продуцентски клуб. Друштвото го врши изборот на национален кандидат за наградата Оскар на Aкадемијата за подвижни слики уметност и науки, во категоријата за најдобар интернационален филм. Во Друштвото моментално членуваат над 100 филмски професионалци.
Големиот јубилеј на ДФРМ ќе биде свечено одбележан во септември оваа година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Една од опциите е јубилејното издание на „Охридско лето“ да се отвори на 4 август

Поради коронавирусот бројни манифестации и фестивали во земјава го одложија одржувањето или се одлучија за …