(ФОТО) ЖЕШКА ЗАШТИТА: Медицинска сестра на работа доаѓала во проѕирен скафандер

Медицинска сестра во рускиот град Тула станала хит на социјалните мрежи откако на работа пристигнала носејќи бикини, а над нив проѕирно заштитно одело, очила и ракавици за да се заштити од коронавирусот.
Како што пренесуваат руските медиуми, фотографијата е направена во регионалната болница за инфективни болести во Тула. На фотографијата може да се види како медицинската сестра во бикини им носи лекови на пациентите.
Наводно медицинската сестра одлучила да облече само бикини затоа што ѝ било премногу топло од заштитната опрема која мора да ја носи поради пандемијата на коронавирусот.

Иако на пациентите не им пречело тоа што медицинската сестра работи по бикини, сепак фотографијата станала вирална и стигнала до регионалното Министерство за здравство. Од таму до медицинската сестра упатиле критика, истакнувајќи дека на тој начин ги прекршува правилата за работа во здравствената институција.
Според последните податоци, во Русија се регистрирани над 308. илјади заразени, додека 2,972 лица починале како последица на коронавирусот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што им е на мажите најпривлечно кај жените, а не е изгледот

Интересно истражување покажало дека еден фактор може да „прави чуда“ доколку сакате да заведете момче. …