(ФОТО) Брачен пар после 32. години го пронашол киднапираниот син: Грабнувачите како двегодишник го продале за 690. евра

На кинеска двојка чиј што тогаш двегодишен син бил киднапиран од хотел во 1988. година, детето им се вратило по цели 32 години.

Мао Јин бил киднапиран кога имал само две години додека неговиот татко отишол да донесе вода. Неговите родители покренале голема потрага по малото дете низ целата земја и дистрибуирале повеќе од 100.000 летоци,но без никаква корист. Тие повторно се обединиле на прес-конференција за полицијата овој понеделник, а денес 34-годишниот маж изјавил дека има намера да помине некое време со своите родители.
„Би сакал да им се заблагодарам на десетиците илјади луѓе кои ни помогнаа“, рекла мајката на момчето Ли Жангџи.
Мао е роден на 23. февруари 1986 година. Тој беше, опишала неговата мајка, „многу бистро, слатко и здраво дете“, објави Би-Би-Си.
На судбоносниот 17. октомври 1988. година, таткото на момчето го возел дома од градинка во градот Ксиан. Момчето се пожалило дека е жедно, па таткото застанал пред блискиот хотел за да побара вода. Сето тоа траело многу кратко време, но момчето веќе не било во автомобилот.
Родителите направиле сè што можеле за да го најдат, а мајката се откажала од својата работа за да може да се посвети само на потрагата. Масовно биле дистрибуирани летоци, а парот се појавил на големите телевизиски станици за да побара помош, а со текот на годините истражувале повеќе од 300 трагови.

Потоа, во 2007 година, тие ја формирале волонтерската група „Бебе, дојди си дома“, за да им помогнат на другите родители во слична ситуација. За тоа време, тие помогнале да се вратат 29. деца во нивните семејства, но Мао сепак бил изгубен.
Во април, полицијата добила информација од маж од провинцијата Сечуан во југозападна Кина, на околу 1.000 километри од Ксиан. Тој го посвоил детето многу години пред тоа, признал во полиција. Полицијата спровела ДНК-тестирање на 34-годишното лице и потврдила дека станува збор за исчезнато дете. Мао Јин исто така добил ново име и во меѓувреме започнал фирма за дизајн на ентериер.
Полицијата, во детална истрага, открила дека Мао бил продаден на бездетна двојка за околу 6.000 јуани, или околу 690 евра со денешен еквивалент.
Киднапирањето деца и шверцот се вообичаен проблем во Кина со децении. Нема официјални бројки, но веб-страницата на групата, започната од родителите на Мао, сè уште содржи скоро 15.000 огласи кои бараат киднапирани и исчезнати машки деца и околу 7.400 исчезнати девојчиња.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Преправена“ виенска чоколадна торта

Никогаш доволно рецепти за десерти кои се подготвуваат брзо и едноставно, а воодушевуваат со вкусот. …