УБОДОТ СО НОЖ И ЈА ПРЕКИНА КАРИЕРАТА А СЕГА СЕ БОРИ СО НОВА ТРАУМА. Моника Селеш проговорила за нарушеното здравје!

Поранешната прва тенисерка на светот,Моника Селес, чија брилијантна кариера како девојче ја прекина психопат кој ја прободе со нож, признала дека е со лошо здравје.
“Имав проблем со вознемиреност уште од детството. Среќна сум што навреме добив помош, но сепак се борам кога се чувствувам под стрес и изолирано. Анксиозноста нема граници и сите ние што го имаме овој проблем се чувствуваме поинаку”, рекла Моника во видео по повод Светската недела на ментални болести.


Да потсетиме, во судбоносната 1993. година, кога Моника имаше само 20 години, беше прободена со нож од страна на Гинтер Парх, вознемирен обожавател на Штефи Граф.
Откако претрпе голема траума во Хамбург, Селеш се врати на тенисот по две години, но никогаш не беше на исто ниво како порано.
“Се обидувам да вметнам каква било форма на движење во мојата дневна рутина. Трчање, танцување и моето омилено – прошетка со кучето. Уживам да разговарам со пријателите и тие навистина ми помагаат да минам низ некои многу тешки периоди во мојот живот”, открила Моника и дала совети на сите што страдаат од истата мака:


„Ако сте родител или тинејџер кој се бори за време на оваа криза, ве молам, знајте дека не сте сами“, е пораката од Моника Селеш.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Последна снимка на трагично загинатиот Емилиано Сала

Потпишани документи поврзани со Кардиф Фудбалерот Емилијано Сала почина на почетокот на 2019. година, три …