ОХО Продукција предупредува за лажните профили со ликовите на ТВ серијата „Преспав“!

Популарноста на ТВ серијата „Преспав“ се чини се гледа и во лажните профили кои „одредени лциа“ ги прават со ликовите од серијалот. Поради тоа ОХО Продукција се обрфати со соопштение кон јавноста:

„Изминатиов период на социјалните медиуми се појавија лажни профили од ликовите на ТВ серијата Преспав.
ОXО Продукција, како единствен носител на авторскте права на Преспав, се оградува и ги осудува овие злоупотреби и ги презема сите правни дејства со цел да ги спречи ваквите злоупотреби и да го заштити своето авторство врз серијата.
ОХО Продукција изрично забранува неовластено користење на сите содржини кои ги претставуваат, произлегуваат или на било каков начин се поврзани со ликовите, дејствијата, имињата и другите авторски содржини на ТВ серијата ПРЕСПАВ.
Со почит, ОХО ПРОДУКЦИЈА“, се вели во соопштението.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто луѓето ги оставаат партнерите кои ги сакаат?

Најтежок дел од секој љубовен однос е раскинувањето, дури ако и сами сте го иницирале …