НЕ ГО ИЗДРЖАЛ ПРИТИСОКОТ – ХАРИ ИТНО ОДНЕСЕН НА ПСИХИЈАТРИЈА: Принцот доживеал нервен слом – стравот и паниката ГО СКРШИЛЕ!

Принцот Хари, наводно, бил итно пренесен во психијатриска клиника, откако доживеал нервен слом, пишуваат странските медиуми. Последната капка која ја прелила чашата била разделбата од семејството – чекор што тој решил да го преземе за да ја заштити својата сопруга Меган од јавноста, која немаше многу симпатии кон неа.
Како што се наведува понатаму, принцот постојано повторувал дека не сака со неа да се случи истото како со неговата мајка Дијана, па стравот и паниката целосно го уништиле.


„Самиот Хари призна дека не може да верува колку неговиот живот се смени и се сврте наопаку. Меган некако го принуди да ги отфрли семејството, пријателите … за таа да може да го следи нејзиниот сон да стане холивудска актерка – но тоа се претвори во неговиот најлош кошмар“, тврди изворот и додава дека Хари се чувствува изгубен и осамен затоа што нема пријатели во Лос Ангелес.


„Единствените луѓе што ги гледаат се холивудските sвезди со кои Меган се дружеше за да ја започне нејзината кариера и да стане суперsвезда“, рекол тој и опишал како се појавил нервниот слом на Хари.


“Принцот и Меган се расправаа за тоа како би изгледал нивниот живот во Америка кога ќе завршат мерките на карантин поради коронавирусот, што го доведоа до точка на пукање. Тој заврши во блиската клиника за ментални болести. Исто така, слушнав дека тој има и ПТСП, што го предизвикала смртта на неговата мајка, а сегашната состојба и траумата поради разделбата од кралското семејство го влошија“, рекол изворот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …