И’ PLACEBO како и сите останати ја откажаа овогодинешната турнеја!

Авалон продукција со соопштение за уште еден откажан концерт поради корона вирусот…
„Со жалење вe инфoрмираме дека концертот на PLACEBO во Скопје закажан за 25 јуни на АРМ Стадионот сепак нема да се случи, впрочем како и ниту еден концерт на PLACEBO во рамки на нивната турнеја за 2020-та година.
Како и со сите турнеи, така и овде се работи на датуми и на нова турнеја за идната, 2021 година, па повеќе за тоа ќе се знае во средината на месец септември.
Сите оние коишто не можат и не сакаат да чекаат, ќе можат своите пари да си ги добијат назад од идната среда, 27-ми мај, од 09 часот наутро. Рефундацијата ќе се врши на начин и на местото од каде што се купени билетите.
ВАЖНО: Во оваа прилика Авалон Продукција им се заблагодарува на сите ticket keeper-и, не само за концертот на PLACEBO, туку и за сите други концерти коишто ги имаме закажано, а ги имаме прераспоредено со нови датуми, затоа што со овој ваш гест и` помагате на музичката лајв индустрија, која во моментиов не постои, што побрзо да се врати во живот.
Авалон Продукција“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Се свршил синот на Бекам, Викторија не го крие воодушевувањето:„Не можеме да бидеме посреќни!“

БРУКЛИН Бекам, синот на Дејвид и Викторија Бекам, се свршил со својата девојка Никола Пелц …