ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ: Ова се најопасните симптоми кај новороденчињата на кои мора да реагирате

Многу од идните родители пред доаѓањето на свет на новото бебе се едуцираат со разни книги и литература се’ со цел кога во нивното семејство ќе дојде новороденчето да им биде полесно…
Сепак, никогаш не е на одмет да се знае и некој совет повеќе, особено за здравјето а со цел брзо и правилно да се реагира…
Ова се најопасните симптоми кај новороденчињата, мора да реагирате веднаш.

Модри усни
Ако усните на вашето бебе станат модри или јазикот почнува да помодрува тоа е знак дека детето нема доволно кислород. Оваа состојба е позната како цијаноза и бара веднаш да повикате брза помош.


Отежнато дишење
Сите бебиња понекогаш тешко дишат. Но ако вашето бебе има отежнато дишење постојано и побрзо од вообичаеното тоа може да укаже на респираторен дистрес. Веднаш јавете се на педијатар и ако е ноќ однесете го вашето бебе на дежурна клиника.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоше Проески и групата „903“ во досега необјавената песна „Марија“ од почетоците на неговата кариера

Вчера Тоше Проески да беа околностите поинакви ќе славеше роденден, а регионалните медиуми тоа го …