(ВИДЕО) Шпанска пита: За добар почеток на денот!

Појадокот мора да биде калоричен оброк за да имате сили за цел ден кој е пред вас. Оваа пита е токму она што ви треба за добар почеток на денот…
Состојки:
3 јајца
150 г сирење
100 г кисела павлака
75 – 100 мл масло (по можност маслиново)
40 мл минерална вода или јогурт (по потреба)
100 г брашно
50 г гриз
1 кесичка прашок за печиво
50 г пченкарно брашно
200 г шунка
50 г кисели краставички
малку маслинки
малку кашкавал и сусам
1 црвна кисела пиперка
Подготовка: Во вангличка изматете ги јајцата како за торта. Додајте павлака, брашно, пченкарно брашно и гриз со печиво. Измешајте па додајте масло, минерална вода, сечкана шунка, краставички и сечкани маслинки. Се’ добро изедначете и истурете во намрсен и со брашно нареосен плех, или обложен со хартија за печење. По површината изронете сирење и со прсти малку втурнете го во смесата. Изрендајте малку кашкавал и наросете со сусам. Печете во рерна загреана на 200 степени околу 45. минути.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ПОБЕДИЛА – Баба (103) ја победила корона па наздравила со ладно пиво!

Џени Стејна од Масачусетс ја прослави својата победа над вирусот корона, наздравувајќи со ладно пиво …