(ВИДЕО) Сочен и вкусен, полиен, колач со кокос!

Овој колач сигурно ќе им се допадне на љубителите на кокос
Состојки:
3 јајца
50 г шеќер
200 мл јогурт
50 мл масло
100 г брашно
100 г кокосово брашно
2 лажици гриз
1 кесичка прашок за печиво
рендана коричка од лимон
Прелив:
200 г шеќер
100 мл вода
1 кесичка ванилин шеќер
Подготовка: изматете ги јајцата со шеќерот, додајте брашно со печиво, јогурт, масло, кокос, гриз и коричка од лимон. Се’ добро изедначете и истурете во плех намачкан со масло или маргарин (или путер). Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 40. минути. Испечениот колач исечете го на коцки. Во соодветен сад ставете шеќер и вода и ванилин шеќер и малку варете да се згусти. Врелиот колач полијте го со врелиот сируп.Оставете убаво да впие, и излади па послужете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ПОБЕДИЛА – Баба (103) ја победила корона па наздравила со ладно пиво!

Џени Стејна од Масачусетс ја прослави својата победа над вирусот корона, наздравувајќи со ладно пиво …