Властите во Вухан соопштија дека за една недела се тестирани повеќе ид еден милион жители во овој кинески град.
Новото жариште на коронавирусот ги принуди кинеските власти да воведат строги мерки за изолација на северо-истокот од земјата, па во новиот карантин моментално се наоѓаат над 108 милиони луѓе, пренесува агенцијата „Blumberg“.
Без оглед на тоа што во регионот се регистрирани 34 нови случаи на зараза, во провинцијата Џилин, која што се наведува како ново жариште на заразата, запрен е автобускиот и железничкиот сообраќај, затворени се училиштата.
„Брзата и силна реакција на Кина е спроведена како резултат од нејзиниот страв пред вториот бран на инфекцијата и откако го запре ширењето на вирусот со големи економски и социјални губитоци. Тоа исто така е знак на тоа колку ќе биде кршлив овој процес на повторното отворање на Кина и другите земји во светот, затоа што дури и мал пораст на инфекцијата, може да предизвика на враќање на строгата изолација“ – пренесуваат од агенцијата.
За новиот бран на инфекцијата соопштила и кинеската агенција „SCMP“, а според информациите, властите целосно го блокирале градот Шулан, а делумно и градот Џилин, двата во истоимената провинција.
Според информациите, во Шулан на сила е донесена строга блокада, излегување од домовите дозволено е само по еден член од семејството на два часа, на секои два дена поради купување намирници.
Затворен е влезот и излезот од градот, како и околните градови и села. Кинеската агенција не наведува колкав е точниот број на луѓето кои што моментално се наоѓаат во карантин.
Да ве потсетиме дека кинеските власти на 29-ти март, официјално прогласија крај на епидемијата во нивната земја.
Вухан тестира
Властите во Вухан соопштија дека за една недела се тестирани повеќе ид еден милион жители во овој кинески град.
Општинската здравствена комисија од 12 мај тестирала 1,3 милиони жители, а во план е да бидат тестирани сите 11 милиони граѓани, објави Си-ен-ен.
Само вчера биле тестирани 467.000 луѓе.
Тестирањето започна минатата недела, по што е откриено неколку локални трансмитери наспроти 76-дневниот карантин.