(ВИДЕО) Јана Стојановска за Бекстејџ: „Поради корона вирусот сум сама со син ми. Татко му е во Србија, го нема видено 3. месеци“

Корона вирусот и карантините разделија многу семејства, а такво искуство има и актерката Јана Стојановска…
Актерката Јана Стојановска во септември минатата година го роди своето прво дете, но досега успешно го криеше од очите на јавноста.
Но, деновиве Стојановска беше дел од естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде за првпат и официјалнo го покажа својот син Ненад, кој инаку името го добил по нејзиниот покоен татко, актерот Ненад Стојановски.
Јана открива дека мајчинството ја променило во целост. Она што исто така е впечатливо од ова интервју е делот кога вели дека во моментов е во карантин сама со синот. Сопругот го нема видено три месеци бидејќи е во соседна Србија. Враќајќи се од Романија го задржале во карантин, потоа бил во самоизолација, па актерката се надева дека што поскоро сите ќе бидат повторно знаедно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Ниту еден лек не му е рамен: Овој напиток го стабилизира шеќерот, го чува здравјето на срцето и го јакне имунитетот!

Го чува здравјето на цел организам… Еѓипјаните со право алое вера го нарекле растение на …