Клои Тинг стана YouTube ѕвезда. Во последните 30 дена што ги поминала во домашна изолација, заработила дури три милиони следбеници на YouTube. Сите ја следат поради вежбите за кои таа тврди дека ќе го израмнат стомакот и ќе обликуваат фигура на песочен часовник што е сон на многу жени.
34-годишната жена има вкупно 7,63 милиони следбеници на Јутјуб и 1,4 милиони на Инстаграм. Сајтот „Social Blade“ проценува дека, само во последниот месец, заработила до 1,2 милиони долари. Нејзиното најпопуларно видео, „Get Abs in Two Weeks’ “, има над 103 милиони прегледи а бил окинувач за активирањето за предизвикот со нејзиното име Chloe Ting Challenge, во кое беа вклучени еден куп жени кои решија да ги следат нејзините совети и да дојдат до саканата фигура. .
Нејзините вежби траат по 15. минути и вклучуваат околу 15. различни вежби како што се „руски твист“ и варијации на планк и стомачни вежби.
Клои тврди дека жените по завршувањето на нејзината програма можат да ја обликуваат половината и да ја постигнат фигурата на Jessice Rabbit за само 30 дена.
Сепак, таа забележува дека секоја личност е уникатна и дека не е медицински експерт,па затоа ги повикува сите да се грижат за сопственото здравје и да се грижат да не се повредат со изведување на вежби што и самата ги практикува.