А1 Македонија со нов ексклузивен смартфон на пазарот

А1 Alpha 20 – најнова генерација на А1 телефони 

Скопје, 19мај 2020г.– А1 Мaкедонија го лансираше новиот А1 смартфон на пазарот – А1 Alpha 20. Овој уред е трета генерација на А1 смартфони, на кој му претходеа Smart N9 и A1 Alpha.

Опремен со 19:9 HD+ екран, високо-квалитетна тројнакамера (48MP+5MP+2MP), 4GB RAM и 128GB вградена меморија, A1 Alpha 20 претставува еден од водечките модели во оваа класа. Со импресивниот екран и врвната камера можат да се направат високо-квалитетни фотографии, како и да се гледаат видеа онлајн без никакви потешкотии.Моќната батерија од 4000 mAh и гаранцијата за корисници од 3 години, која е единствена на пазарот, обезбедуваат траен перформанс и долгорочно уживање. Истиот, доаѓа во црна и светло-зелена боја.

Најновиот оперативен системи селектираниот опсег на софтверски компонентисе гаранција за леснотија во користењето но, и за навременост на Android ажурирањата.Kако и за претходните A1 Alpha уреди така и за овој смартфон, А1 експертите од Групацијата помогнаа да се развие и интензивно да се тестира моделот А1 Alpha 20.

А1 Alpha е ексклузивно достапен во А1 Македонија, а при купување на смартфонотво тарифатаA1 Neo M корисниците можат да го добијат за 169 денари месечно. Со ова А1 Alpha е најповолната понуда на пазарот, земајќи ја во предвид вредноста и квалитетот на уредот кои се добиваат.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почнува официјалната продажба на The Frameи The Serif телевизорите во Македонија

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. го најави започнувањето на официјалната продажба на домашниот пазарнановите модели …