(ФОТО) Гевгелиски доктори со акустичен концерт ги поддржаа своите колеги!

Стиховите „Чукни во дрво, вистина е, надвор е пролет, живи сме“ е метафорична порака со која сакаме да изразиме поддршка и благодарност до нашите колеги доктори кои во моментот се во првите борбени редови против коронавирусот. Вака гласаа зборовите на младите гевгелиски стоматолози Александар Петковски и Томе Каркалашев кои со гитарите во раце и добро скоцкана листа од исклучиво македонска музика во текот на саботниот полициски час им приредија едночасовно уживање на гевгеличани под отворено небо.

„Можеби ноќните излегувањата се уште не се дозволени, а не знаеме ни кога ќе се врати животот во нормала, но затоа знаеме дека гелгеличани уживаа на своите балкони. Се надеваме дека пораката која ја испративме до јавноста ќе биде прифатена од сите“, вели Александар.

„Караорман“ е место од каде се гледа целиот град, а исто така е и местото од каде настапуваа тие двајца. Нивното дуо е познато како „ChillOut“. Поддршка можете вие да им дадете на нивниот инстаграм профил потпишан како: chill_out.official

„Преку пораката немаме цел да селектираме професии. Многу професии се исто така изложени на ризик од вирусот. Доставувачите на храна, вработените во маркетите, полицијата, војската, лицата ангажирани за оддржување хигиена, возачите и уште многу други. Сите заслужуваат огромен апауз“, вели Томе.

Настанот беше поддржан од градоначалникот на општина Гевгелија и кафулето „Пикасо“ кој го пренесуваше настапот на социјалните мрежи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА: Денеска се регистрирани 27. нови случаи на Ковид 19 – 19. лица ја загубија битката

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …