(ВИДЕО) „Еден на еден“ го угости Венко Филипче: Зошто министерот станува во 4 – 5 часот наутро?

Министерот за здравство, Венко Филипче му е гостин на Жаре, во новата „Еден на Еден“, во недела од 18.30 на Канал 5.

Филипче меѓу многуте лични и професионални приказни, ќе раскаже и за тоа како изгледа еден негов обичен ден. „Се будам околу 4-5 наутро. Така сум попродуктивен“, открива тој.
Министерот раскажа за своите прогнози и дал анализа за понатамошното справување со вирусот Ковид-19, кој спорт и кои филмови му се омилени, и за тоа и каква музика слушал во операциона сала.


„Јас сум бил во операциона сала на сите континенти освен во Австралија, и секаде зависи од договорот со тимот“, рекол министерот. По овој одговор, Жаре се пошегува:
„Што ако сестрата сака да го слуша Аца Лукас? Песната ‘Бајпас’ е веројатно добра за операција“.
Во продолжение, погледнете ја најавата за емисијата, и видеото од приказната со музиката која се слуша за време на операција:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Жена споделила рецепт против надуеност: Вели дека го сузбива апетитот и веднаш делува

Тиктокерката Happy&Healthy Olivia решила да проба вирален рецепт кој наводно ја намалува надуеноста и го …