(ФОТО) Дали сте слушнале за „Тегла диета“? Хит е на социјалните медиуми, бесплатна и нема гладување!

Исхраната е многу едноставна, не се гладува, нема одредено времетраење, не чини ништо и доволно е само да се набави тегла.
„Жената никогаш не е доволно тенка, а мажот доволно богат“ – тоа е стара поговорка, а секоја пролет припадничките на понежниот пол помислуваат дека преку зима ставиле неколку килограми.

Спанаќ, грав, сирење
За да се држи „тегла диета“, доволно е да се набави една тегла. Оваа диета е идеална за вработените кои оброкот ќе го носат во тегла и со тоа ќе контролираат што јадат. Стаклена тегла е неспоредливо попрактична од пластичните садови што можат да се отворат или искршат.

Диетата е совршена за вработените кои јадат на работа.
Тегла со зеленчук

 

Грчката салата е идеално јадење што може да се носи во тегла. Поточно, за да може „теглата“ да биде што е можно по вкусна, треба да додадете храна што е сочна и има различни вкусови. Слатка пченка, црвена пиперка, зелена салата исечена на ленти и ако на врвот ставите варено јајце на парчиња – теглата ќе биде комплетен оброк.

Витаминска бомба во тегла

Беби спанаќот и грав се исто така богати со витамини, а доколку се збогатат со ореви или пињоли и сирење, тоа ќе биде совршен ручек.
На овој начин, може да се направи најдоброто – да се контролира што и колку се јаде
Сицилијанската салата со портокали и коморач е одличен избор за тегла која ќе се носи на работа. Шери доматите се создадени за „тегла диета“, затоа што тие се мали и исечени на парчиња и остануваат свежи подолго време. Со рендан морков, паиперка и зелена рендана зелка, добивате вистинска „витаминска бомба“!


Салатата може да се зачинува со семе или со дресинг.
Комбинациите за полнење на теглата се бесконечни и зависат само од личен вкус. Салатата може да се зачине со семки или дресинг што може посебно да се носи и да се истури пред оброкот.

Бисквити, цреши, шлаг крем
Тегла со овошје


Јаболкото е добар избор во секое време од годината.
Свежото овошје исто така може да засити човек на работа. Јагоди, банани или киви ќе ја зачуваат својата свежина затворена во стаклена тегла. Јаболкото е добар избор во секое време од годината.
Ако на дното на теглата се стават две лажици грчки јогурт, овошјето ќе биде уште повкусно и позаситно.

Тегла со снегулки
Слатка тегла


Скршени бисквити, цреши или јагоди и шлаг – и колачот е подготвен. Децата исто така ќе сакаат ваков десерт.

Свежо овошје и житарки со јогурт и еве еден оброк.
Овесна каша, банана и јогурт се уште една „слатка тегла“ која може да засити и да обезбеди доволно енергија во текот на работниот ден.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ИСПОВЕД НА ЅВЕЗДА НА ГРАНД: Како ослабнав 70. килограми!?

Учесничка на тековната сезона на музичкиот натпревар „Звездите на Гранд“, Крстиња Тодоровиќ, за кратко време …