Денес се слават Светите маченици Тимотеј и Мавра: Ѕверски измачувани и распнати на крст поради верата во Христ!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 мај. Денеска е Св. маченици Тимотеј и Мавра.

Судбината на овие прекрасни маченици, женик и невеста, е чудна. Дваесет дена по венчавката, беа изведени на суд, заради верата во Христa, пред Тиваидскиот намесник Аријан, во времето на царот Диоклецијан. Тимотеј беше чтец во црквата во неговиот роден крај. „Кој си ти?“, го праша намесникот. Тимотеј одговори: „Јас сум христијанин и чтец на Црквата Божја.“ Оној, пак, му рече: „Не ги гледаш ли до тебе приготвените справи за мачење?“ Тимотеј одговори: „А ти не ги гледаш ли Божјите ангели што ме крепат“.

loading...

Тогаш намесникот нареди и ушите му ги прободоа со железна прачка, така што од болка му искокнаа очните зеници. Потоа го обесија главечки и му ставија во устата дрво. Мавра најпрво се исплаши од маките, но кога мажот и’ ја охрабри и таа ја исповеда својата вера пред намесникот. Овој нареди и најнапред и’ ја искубаа косата, а потоа и’ ги отсекоа и прстите на рацете. По многубројни долги маки, на коишто брзо би подлегнале да не ги крепеше благодатта Божја, обајцата беа распнати на крст еден кон друг. Висејќи на крстовите останаа живи цели девет дена, советувајќи се и крепејќи се еден со друг во трпењето. Десеттиот ден Му го предадоа својот дух на Господа, за Кого претрпеа крстна смрт, со што се удостоија за Неговото Царство. Чесно пострадаа за Христа во 286 година.


Преподобен Теодосиј Киево-Печерски


Од најрана младост ги одбегнуваше смеата и веселбите, а се предаваше на молитва и богомислие. За ова мајка му често го тепаше, а особено откако еден ден здогледа дека носи железен појас по голото тело, од што имаше крв на кошулата. Бидејќи еднаш ги прочита во Евангелието зборовите на Спасителот „кој го љуби татка си или мајка си повеќе од Мене не е достоен за Мене“, тој го напушти родителскиот дом и побегна во Киевската пештера кај Преподобниот Антониј. Свети Антониј го прими и наскоро го замонаши. Кога мајка му го најде и почна да бара да се врати, тој ја посоветува, па и таа се замонаши во еден женски манастир. Со неговиот подвиг, со кротоста и добрината, Теодосиј набрзо ги надмина сите монаси и му стана мошне мил на Антониј, којшто го постави за игумен на манастирот. Во негово време, манастирот многу се намножи, се соѕидаа цркви и келии и во целост се воведе Студитскиот устав. Заради неговата девствена чистота, заради преголемиот молитвен труд и љубовта кон ближните, Бог му подари на Теодосиј голема благодат и тој Божји човек имаше голема моќ над нечистите духови, исцелуваше болести и гледаше во човечките судбини. Свети Антониј и свети Теодосиј се сметаат за основачи и устроители на монаштвото во Русија. Свети Теодосиј се упокои мирно во 1074 година. Неговите целебни мошти почиваат покрај моштите на свети Антониј.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ако сакате да ве следат среќа и здравје, утре јадете го ова овошје: Обичај на Крстовден што мора да го испочитувате!

Оној што е крстен со крст пости на Крстовден“ Крстовден е голем празник што Македонската …