(Рецепт) Домашен хумус – Здраво и хранливо!

Во последно време хумусот, стар рецепт од блискиот исток, и во наши простори стана многу популарен…
Позитивно во се е што леблебијата е многу здрава, а подготовката на хумусот е многу едноставна…

Состојки:
300 г леблебија
3 лажици таан
1 лимон
малку лук
сол
4 лажици маслиново масло


Подготовка: леблебијата накиснете ја од вечер во ладна вода. Наутро исцедете ја водата, ставете нова и сварете. Ако за време на варењето се издвојат лушпите отстранете ги. Исцедената леблебија со малку вода од варењето, ставете ја во блендер и со таанот, маслиновото масло, сок од лимон и малку лук (по вкус – не мора) убаво изблендирајте да добиете смеса како паштета. За густината одлучувате сами според тоа колку вода од варењето ќе ставите.
Префрлете во стаклена тегла и чувајте во фрижидер, но можете да ставите и во пластична кутија и да замрзнете.
Плус: Готовата смеса на хумус можете да ја збогатите со вашите омилени состојки па да ја обоите на поример во црвено со буковец, или да додадете пасирано авокадо…
Екран

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …