Рамстор Мол од денес почнува со работа

Рамстор Мол согласно сите препораки на Владата и Министерството за здравство од денес (Четврток, 14.05.2020) ги отвора своите врати за посетителите. По ситуацијата во која се најдовме сите и пандемијата која го зафати целиот свет и речиси повеќе од 2 месеци не работење, Рамстор Мол започнува со нормално функционирање.

Како главен приоритет по ново настаната ситуација ќе биде здравјето на луѓето, а за таа цел од Рамстор Мол најавија дека сите мерки ќе бидат превземени кои се строго определени од страна на властите, се со цел да се влијае на општото здравје заедно со сите вклучени страни во целокупното работење.

“Рамстор Мол како општествено одговорна компанија, уште на почетокот со ситуацијата со коронавирусот започна со превентивни мерки кои беа во насока на општото здравје на сите посетители и будно ги следиме сите препораки од властите, како и примерите од земјите кои веќе започнаа со работа и за таа цел можеме да кажеме дека сме спремни за работа и отворање. Бидејќи здравејто на нашите посетители е наш најголем приоритет, сите препораки кои ќе бидат дадени од министерството за здравство ќе бидат целосно имплементирани, а ќе имаме и дополнителни процедури за хигиена на секој посетител, како и запазување на социјалната дистанца, се со цел враќање во нормала секојдневните навики и нормализирање на животот.” – изјавија од Рамстор Мол

Затоа ве очекуваме сите вас на добар шопинг и заедно да ги почитуваме сите мерки за подобро општо здравје. Работното време на Рамстор Мол ќе биде од 10 до 18 часот секој ден. Недела ќе биде неработен ден за трговскиот центар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – ПОВТОРНО 16. ПОЧИНАТИ ЛИЦА: Денеска се регистрирани 150. нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …