(ВИДЕО) КОРОНАТА НА ЛУЃЕТО ТРГНА ОД ЛИЛЈАЦИТЕ: Научниците сега на ова животно откриле нешто што е можеби ПООПАСНО!

„Нашето истражување повторно потврди дека лилјаците, особено оние од родот Rhinolophidae се важен природен резервоар на коронавирусот и дека истиот се наоѓа во нив, колку што досега ни е познато нам“ – изјавил тимот научници.

Најновите истражувања покажуваат дека вирусот Ковид-19 најверојатно еволуирал по природен пат, односно тргнал од лилјакот, па преминал на некој друг вид животно сè додека не ја развил својата потребна мутација за преминување на човекот и покренување на глобалната пандемија.
Научниците во најновото истражување ја поддржале оваа хипотеза, па пронашле уште еден вид коронавирус кај лилјаците и воочиле специфична мутација која што му пречи на генетскиот материјал во вирусниот геном, пренесуваат од австралиски „Science Alert“.
Таквата мутација, како што се наведува, покажува дека таквите промени во геномот, каде што доаѓа до еволуција на вирусот, многу лесно можат да настанат по природен пат.
„Откако се појави Ковид-19, постоеја разни шпекулации за тоа дека вирусот е создаден во лабораторија“ – изјавил микробиологот Вајфенг Ши од Универзитетот во Шандонг.

„Конкретно, некои изјавија дека инсертите S1/S2 делуваат многу необично и дека станува збор за лабораториска мутација. Нашето истражување многу јасно покажува како овие промени се случуваат во дивината, по природен пат“ – изјавил тој.
Новооткриениот вид на коронавирусот, кој што тимот научници го нарекол RmYN02,бил идентификуван во втората половина на 2019-та година во текот на анализа на 302 примероци земени од 227 лилјаци кои што живеат во провинцијата Вухан во Кина, а научниците по проучувањето откриле речиси комплетно нов геном на коронавирус.
Коронавирусот RmYN02 содржи вметнати аминокиселини на местото на кое што се сретнуваат S1 и S2. Не станува збор за исти аминокиселини, затоа што токму тие покажуваат дека до процесот на вметнување може да се дојде по природен пат.

И покрај многу сличности на овие два коронавируси, не значи дека RmYN02 е директен предок на коронавирусот кој што моментално ја предизвика пандемијата, особено доколку се земе предвид дека во важниот ген за поврзување со рецепторите се поклопуваат во само 61.3 отсто.
Меѓутоа, пронаоѓањето на новите геноми на коронавирусот и понатаму е многу важно затоа што може да се открие како актуелниот SARS-CoV-2 се развил во тоа што е денес.
„Нашето истражување повторно потврди дека лилјаците, особено оние од родот Rhinolophidae се важен природен резервоар на коронавирусот и дека истиот се наоѓа во нив, колку што досега ни е познато нам“ – изјавил тимот научници.
До сега вирусот кој го предизвикува ковид-19 е најсличен на корона вирус RaTG13, исто така пронајден кај лилјаците со кој се поклопува 96,1 отсто РНК.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – ПРИЈАВЕНИ СЕ 29. ПОЧИНАТИ ЛИЦА: Денес се регистрирани 561. нов случај на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …