Италијанците честат!„Дојдете на Сицилија, ние покриваме дел од трошоците на летувањето!“

Со цел земјата да се опорави, италијанската влада бара нови начини за привлекување туристи
Поради вирусот корона, Сицилија изгубила повеќе од милијарда евра приходи од туризам и била принудена да измисли нов план за привлекување туристи. Регионалната влада ќе покрие половина од трошоците за летовите, како и една третина од хотелските трошоци. Покрај тоа, таа ќе понуди бесплатни билети за сите музеи и археолошки места, кои ќе ги чинат Италијанците 50. милиони евра.


Ваучери за летови и сместување ќе бидат достапни на веб-страницата Visit Sicily веднаш штом земјата ќе ги отвори своите граници и ќе биде подготвена за посетители.
Дури 4,2 милиони Италијанци се вработени во туристичкиот сектор, што претставува околу 13. проценти од БДП на Италија. Премиерот на Италија, Џузепе Конте истакна дека сегашната состојба е најтешка криза по Втората светска војна, а земјата се соочила со загуби од 200 милијарди евра.



Европскиот комесар за внатрешен пазар и економија Тиери Бретон открива дека секторот за туризам е првиот кој е погоден од короната и дека ќе треба најдолг период за да се опорави. Тој додава дека хотелите и рестораните очекуваат загуба од најмалку 50. проценти на годишно ниво.

Извор:visitsicily


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Зверев признал дека боледува од дијабетес

Александар Зверев јавно признал дека со години боледува од дијабетес и најави формирање на фондација …