Веќе е познато дека Себастијан Фетел на крајот на сезоната си заминува од „Ферари“.
Шарл Леклер ќе добие нов партнер во италијанскиот тим.
И’ покрај тоа што Леклер и Фетел имале многу недоразбирања во текот на минатата сезона момчето од Монако веднаш му се заблагодарило на Германецот.
„Ми беше голема чест што бевме во ист тим. На патеката имавме некои напнати моменти. Некои многу добри, а некои во кои и двајцата не сакавме така да се заврши. Секогаш имаше почитување помеѓу нас, иако тоа не делува така на прв поглед. Многу научив од тебе. Фала ти за се Себ“, напишал Леклер на социјалните мрежи.
Фетел беше пет години во „Ферари“.

По веста за заминувањето Леклер му се заблагодарил на Фетел
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
✕