Овој зеленчук го јакне имунитетот и го намалува притисокот а е идеално за топење на салото

Ако сте одлучиле да примените пролетно чистење на организмот или постите, во својата исхрана задолжително внесете – келераба.
Зеленчук богат со витамините Ц и Б се препорачува за јакнење на имунитетот, кај хипогликемија и дијабетес, бидејќи го регулира нивото на шеќер, а го намалува крвниот притисок благодарение на калиумот. Идеално е за симнување килограми.Се користи за подготовка на повеќе специјалитети, од неа се прават здрави салати, супи, чорби, предјадења. Најдобро е да ја јадеме во сирова состојба, бидејќи со варење и печење на скара ги губат нутритивните својства.


Истражувањата покажуваат дека редовното конзумирање на свежа келераба ја подобрува апсорпцијата на железото во организмот, ги јакне коските, го регулира лимфниот систем и системот за варење, ги чува забите и непцата. Содржи благотворни состојки како индол, сулфорафан и изотоцијанит, кои имаат антиканцерогени дејство,а спречува и појава на едеми, кандида и вирусни заболувања.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЗДРАВИ И КОРИСНИ – Во ова се незаменливи: Три здравствени проблеми кои семките од тиква ги лекуваат како од шега!

Покрај тоа што се полни со хранливи материи, семките од тиква содржат и многу лековити …