Град Скопје обезбеди спортување од дома со тим на познати инструктори

Градот Скопје во соработка со тим еминентни и добро познати инструктори во различни домени на спортот од утре за граѓаните ќе понудат онлајн видеа со вежби за одржување на телесната форма за време на вонредните услови што ги налага пандемијата.

–    Како што направивме со програмата „Култура во време на корона“, на сличен начин адаптиравме дел од Програмата за спорт за 2020 година, со цел на нашите сограѓани, додека се дома, да им понудиме стручно одржување на формата и здравиот начин на живот. Свесни сме дека во овој период на вонредни услови, не сте во можност да ги посетувате теретаните и фитнес студијата, како и спортските сали, па затоа, ова е еден мал придонес од Град Скопје и тимот инструктори да ви помогнеме да вежбате дома и да продолжите со спортското живеење и физичката активност за одржување на здравиот дух и тело. Заедно со вас и тимот инструктори да покажеме дека спортскиот дух не може, не смее и нема да згасне и во овие тешки услови. Бидете здрави и во добра форма, да бидеме победници и овој пат – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција што се одржа кај Памптракот кај Олимпискиот базен.

Вежбите што граѓаните ќе можат да ги проследат на официјалната фејсбук-страница на Град Скопје ќе опфатат различни типови вежбање, односно по неколку серии фитнес-кросфит, пилатес и пауер пилатес, аеробик, ултимејт фит, кондициски вежби, вежби за атлетика и јога. Своите стручни совети за граѓаните ќе ги понудат следните спортски инструктори:

– Фитнес – кросфит – Даниел Трбогазов;

– Пилатес вежби – Бисера Станкова Ковачевска;

– Класичен аеробик – Кети Матеничарска Накова;

– Вежби за подобрување физичка подготвеност – Кристијан Кајчевски;

– Функционален тренинг – Елена Бубало Михајловска и Атанас Михајловски;

– Вежби и совети за атлетика – Дрита Исљами;

– Јога вежби – Искра Србиновска и

– Пауер пилатес – Ивана Каратукова.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Заборавете на СКАПИ ТРЕТМАНИ: Еве кои намирници го БРИШАТ ЦЕЛУЛИТОТ!

Наместо скапи козметички третмани, подгответе се за костим за капење во последен момент со паметно …