(ВИДЕО) Баба (91) здодевноста во карантинот „ја убива“ со модна ревија: Погледнете го ова прекрасно шоу!

Погледнете како оваа баба се забавува во карантин…
Бабата Бети Мекдоналд (91) од Џорџија во Америка решила здодевноста за време на карантинот и самоизолацијата поради пандемијата на вирусот корона, да ја сврти во нејзина корист, и да направи забава за памтење.
Бидејќи таа е во групата на ризик за добивање КОВИД-19, на бабата не и е дозволено да излегува надвор, што влијаело на нејзиното расположение, пишува Yahoo.
„Сосетката Бети е навикната да се дружи. Таа отсекогаш била дама. Таа често оди во црква и се дружи во центарот за стари лица. Таа сака да биде уредна и дотерана, а оваа ситуација ја фрла во очај”, вели нејзината сосетка Ким Тејлор, и додава дека и советувала да организира модна ревија во дворот, кога веќе не може да излезе и да се дотерува.

„Идејата веднаш ми се допадна и ги извлеков моите најдобри костуми, фустани и шешири“, вели Бети а нејзината сосетка решила се’ да сподели на YouTube.
Модните ревии биле оддавање почит на нејзиниот сопруг JЏон Хенри Мекдоналд, кој починал во 2007. година, откако 20. години служел во американските воздухопловни сили. Тие биле во брак 58. години.
„Тој секогаш сакал да се дотерува за одење во театар и клубови за танцување а ова е во негова чест“, вели бабата Бети.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Видео од кражба кое никого не остава рамнодушен: ВАКА разбојникот се однесувал кон уплашената баба!

Видео за кражба во Бразил, кое никого не остава рамнодушен… Видеото, со скоро три милиони …