Најопасни места на кои можете да се заразите со корона вирус

Дури и ако темелно ги миете рацете, држите растојание од два метри од другите и ги дезинфицирате површините секој ден, факт е дека сè уште постои ризик од инфекција со коронавирус. Покрај тоа, постојат голем број на места каде што овој ризик е уште поголем, а вие секојдневно се наоѓате во нив.
За да се намали овој ризик, Best Life направи список на места за да се избегнат:

1. Лифтови
Болеста Ковид-19 може да живее на метални површини три дена, но според истражувањето на Националниот институт за здравство, може да преживее исто толку во форма на аеросол. Затоа, слабо проветрените, преполни, тесна простори – како лифтови – се области со висок ризик. Дури и ако се возите во празен лифт, вие сте изложени на воздухот во кој заразените лица може да кашлаат пред вас. Затоа центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) сугерираат дека сите лица треба да носат маски вон своите домови.


2. Благајни во продавниците
Според неодамнешниот извештај на Си-Ен-Ен, се чини дека токму касата во супермаркетите со прехрамбени артикли е местото каде луѓето се изложени на поголем ризик за да се заразат со ковид-19. Затоа, се препорачува да носите ракавици и маски додека престојувате во продавници и да бидете подалеку од другите.


3. Летање со авион
Една неодамнешна студија на јапонскиот национален институт за заразни болести открила дека шансите за примарен случај на ковид-19 да се пренесе во затворен простор биле скоро 19 пати поголеми во однос на ширењето на отворено. Истражувањето сè уште не е рецензирано, но сите можеме да се согласиме дека скоро нема простор кој е повеќе затворен од авион.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТРИК ШТО ГИ СПАСУВА БРАКОВИТЕ: Одвојте само пет минути дневно, доволно е…

Почетокот на љубовната врска е толку возбудлив. Тогаш сè уште уживаме во романтиката и нежноста …