(ФОТО) Владо Калембер тагува по пријателот ДРАГАН ВУЧИЌ:„Еднаш ќе запееме заедно!“

Хрватскиот пејал Владо Калембер се збогува со својот пријател, музичар и телевизиски водител Драган Вучиќ, кој во понеделникот почина од коронавирус.
На својот профил на Фејсбук на фановите им објаснил дека Драган Вучиќ бил позитивен на корона врусот и дека осум дена минал во болница…
Калембер му посвети емотивна објава на Вучиќ.
„За жал, изгубив уште еден одличен пријател, еден од најпознатите македонски ТВ водители. Тажно… Збогум стари … Кога и да ми се јавеше, велеше:’Здраво, стари!’. Неодамна ми испрати една од твоите песни за да снимиме дует. Еднаш кога и јас ќе заминам горе ќе ја понесам таа снимка … па ќе ја отпееме”, напиша Калембер на својот Инстаграм профил покрај фотографијата со Вучиќ.
Инаку, Владо Калембер беше еден од учесници во серијалот емисии за готвење на Драган Вучиќ, “Гурмански муабети“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Ниту еден лек не му е рамен: Овој напиток го стабилизира шеќерот, го чува здравјето на срцето и го јакне имунитетот!

Го чува здравјето на цел организам… Еѓипјаните со право алое вера го нарекле растение на …