РЕВОЛУЦИОНЕРНО – Том Круз снима филм во вселената: Глумецот и НАСА во вселенската станица ги поместуваат границите!

Холивудскиот актер Том Круз снима филм во вселената, соопшти американската вселенска агенција Наса.
“Наса е возбудена што соработува со Том Круз на филм во Вселенската станица. Потребни ни се популарни медиуми за да инспирираат нова генерација на инженери и научници за да ги остварат амбициозните планови на НАСА”, порачал на Твитер, Џим Брајденштајн од Наса.
Тој не разговарал подетално за филмот, но објавил порака на Твитер откако сајтот „Deadline“ објави дека Круз соработува со основачот на „Тесла моторс“ и „Спејс екса“, Илон Маск, за снимање на првиот игран филм во вселената.
Претставниците на Круз не одговориле на барањето за коментар, пренесува Ројтерс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …